Скопје, 03.02.2026 – Денес, во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија, беше реализирано отворено едукативно предавање за значењето и процесот на доброволното дарување крв. Предавањето беше предводено од активистката на Црвениот крст – огранок Чаир, г-ѓа Сара Таири.

За време на оваа кампања за подигање на свеста, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, им честиташе на организаторите за овој хуман чин, истакнувајќи дека универзитетот останува средина која не ја поттикнува само науката, туку и алтруизмот. Тој им посака успех по овој пат на хуманоста на студентите и на кадарот, со желба оваа активност да послужи како инспирација за континуиран општествен ангажман и меѓучовечка солидарност.

Во рамките на предавањето, присутните беа детално информирани за неопходноста од дарување крв, отстранувањето на честите дилеми, како и за бројните здравствени придобивки што овој процес ги носи за самиот дарител.

Дискусијата предизвика посебен интерес кај студентите, кои беа поканети да станат дел од големата акција за дарување крв, која ќе се одржи на 11.02.2026 година во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

By