Скопје, 30.06.2026 – Денес се одржа работен состанок со претставници на компанијата A1, избрана како најповолен понудувач на тендерот за имплементација на Студентскиот портал и Електронскиот систем за управување со студентите.

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаjи, на работниот состанок ги пречека претставниците на компанијата A1, Фестим Камбери и Рефик Хисени. Од Универзитетот „Мајка Тереза“ на состанокот присуствуваа и доц. д-р Арбнор Рушити и м-р Ветон Рушити.

За време на состанокот беа разгледани фазите на имплементација на системот, функционалностите што ќе ги понуди новата платформа, како и потребните чекори за успешна реализација на овој проект, кој ќе ги модернизира студентските услуги и ќе ја зголеми административната ефикасност на Универзитетот.

Овој проект претставува значаен чекор во процесот на дигитализација на Универзитетот „Мајка Тереза“, обезбедувајќи побрзи, потранспарентни и поефикасни услуги за студентите и академскиот кадар.

By