Тетово/Скопје, септември 2026 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, оствари официјална посета на Универзитетот во Тетово, каде што беше пречекан од ректорот на оваа високообразовна институција, проф. д-р Куштрим Ахмети.
По тој повод, ректорот Фетаи му го честиташе мандатот на ректорот Ахмети и како знак на благодарност и високо признание, му додели официјална плакета со ликот на Мајка Тереза за одличната институционална соработка, посветеност во унапредувањето на квалитетот на високото образование и научноистражувачката дејност, како и за непроценливиот придонес во зајакнувањето на меѓууниверзитетското партнерство.
За време на оваа братска и институционална средба, двајцата ректори разговараа за продлабочување на соработката меѓу двата универзитета, развој на заеднички научноистражувачки проекти, како и за размена на академски искуства во интерес на студентите и наставниот кадар.
На оваа официјална посета, ректорот проф. д-р Беким Фетаи беше придружуван од проректорот за настава, проф. д-р Фати Исени, проректорот за финансии, вонр. проф. д-р Бујамин Бела, како и м-р Дритон Зендели.
Двете страни ја потврдија својата заедничка посветеност за континуирано унапредување на академските стандарди и развој на високото образование во регионот.
