Охрид, 2026 година – Претставници на академскиот кадар на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје учествуваа на XVIII Меѓународна научна конференција за услужниот сектор – INSCОSES 2026, организирана од Факултетот за туризам во Охрид при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Во рамките на конференцијата беше презентиран научниот труд со наслов „Модернизација на царинските системи на Западен Балкан: од реформски пресвртници до регионална интероперабилност“, со автори доц. д-р Урим Исени и проф. д-р Неритан Туркеш.
Трудот го обработува процесот на модернизација на царинските администрации во шесте економии на Западен Балкан во периодот 2010–2023 година, со фокус на дигитализацијата на царинските постапки, управувањето со ризикот, NCTS, програмите AEO, системот Single Window и прекуграничната размена на податоци.
Резултатите од истражувањето укажуваат на заедничка насока на царинските реформи во регионот, но со различни темпа и начини на спроведување на национално ниво, како и на сè поголема ориентација кон интероперабилност и регионална соработка.
Учеството на конференцијата претставува придонес кон промовирањето на научноистражувачката дејност и кон размената на академски знаења и искуства во областа на модернизацијата на царината и олеснувањето на трговијата.
За време на учеството на конференцијата, ја искористивме можноста да оствариме средба и со Деканатот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. На средбата се разговараше за можностите за понатамошна соработка меѓу нашите институции, со посебен акцент на зајакнувањето на академската и професионалната соработка.
Разговорот беше насочен кон можностите за реализација на заеднички активности, размена на искуства и добри практики, организирање конференции, семинари и други професионални активности, како и создавање можности за соработка и размена на наставен кадар и студенти.
