Скопје, 16.11.2026 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денес направи значаен чекор кон проширување на меѓуинституционалните партнерства преку потпишување Меморандум за соработка со образовната институција „Maarif International Schools“.

Договорот беше официјално потпишан во Скопје од страна на ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, придружуван од проректорот проф. вонр. д-р Бујамин Бела, и директорот на „Maarif International Schools“, г. Осман Демиргул, кој беше придружуван од г. Нуман Идризи. Целта на овој меморандум е воспоставување одржлива рамка за соработка во областа на образованието, создавајќи поволности и конкретни можности за професионален и личен развој на вработените во двете институции.

Главните области на соработка утврдени со меморандумот опфаќаат финансиска поддршка за вработените, при што „Maarif International Schools“ обезбедува 25% попуст на школарината за децата на вработените и членовите на кадарот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како и зајакнување на капацитетите и стручни обуки, во рамките на кои УМТ ќе се ангажира во организирање најмалку три акредитирани или неакредитирани образовни програми за кадарот на „Maarif“, вклучувајќи курсеви за професионален развој, тематски семинари и обуки за унапредување на квалификациите на наставниот кадар.

Ова партнерство ја потврдува континуираната посветеност на двете институции за поддршка на образовната заедница, поттикнување на размената на експертиза и создавање што е можно поповолни услови за академскиот и административниот кадар.

Договорот стапува во сила на денот на неговото потпишување и ќе претставува значајна рамка за заемна соработка во иднина.

By