Скопје, мај 2025 година – Во рамките на предметот „Применето шпедитерско работење“, група студенти од Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје остварија студиска посета во Царинската Управа на Северна Македонија и шпедитерската компанија „Фершпед“.

Посетата се оставри под раководство на деканот на Факултетот за технички науки, проф. д-р Неритан Туркеши, и професорот Зија Зимери, царински професионалец со над 20 години искуство.

Студентите беа топло пречекани од раководителите и претставниците на двете институции, кои им дадоа јасен увид во реалните процеси на царинење и практичната работа на шпедицијата, создавајќи директно и исклучително корисно искуство за нивно професионално формирање.

Преку оваа посета, студентите имаа можност одблиску да се запознаат со царинските процедури и документацијата, контролата на стоки и царинските декларации, логистичката организација и транспортниот синџир. Исто така, за време на посетата беа разгледани можностите за продлабочување на институционалната соработка, а наскоро се очекува и потпишување на меморандум за соработка помеѓу УМТ и овие две важни институции.

By