Скопје, 02.11.2026 година– Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, придружуван од генералниот секретар, доц. д-р Раим Јашари, оствари средба со генералниот секретар на организацијата „Калири и Миресис“, г. Абедин Арифи, кој беше придружуван од раководителот на Одделот за меѓународни односи, г. Муамер Шкријел.
За време на средбата се разговараше за можностите за меѓуинституционална соработка, зајакнувањето на меѓусебните односи и реализацијата на заеднички активности во области од заемен интерес.
Двете страни ја изразија својата подготвеност за продлабочување на соработката и воспоставување нови мостови на партнерство во функција на образованието, општествениот развој и заедницата.
