Скопје, 16.06.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, ги пречека на работна средба г-дин Vincen Nougarede, менаџер за односи со јавноста, заедница и одржливост од меѓународната компанија „Бехтел и Енка“, како и соработничката г-ѓа Даниела Милошовска.
За време на средбата беа разгледани конкретни можности за постигнување меѓуинституционален договор за соработка, а беше нагласена и важноста од вклучување на студентите од УМТ, оние од градежништвото и архитектура и Факултетот за технички науки во професионалните практики на оваа престижна компанија.












