Скопје, 03.07.2025 година – Денес, во работната канцеларија, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Македонија, проф. д-р Беким Фетаји, го пречека на работна средба проф. д-р Марјан Ѓуровски, претседател на Одборот за акредитација на високото образование во Република Северна Македонија.
За време на средбата, беа разгледани процесите за академскиот развој на УМТ, подобрувањето на квалитетот во високото образование, како и важноста од меѓусебната соработка во исполнувањето на стандардите за акредитација и унапредување на институционалните капацитети.
Средбата се одржа во дух на соработка и заедничка посветеност за квалитетно и одржливо образование.



