Скопје, ноември 2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје одржа тематска дебата со студенти, фокусирана на прашања за надворешното влијание, дигитална безбедност и медиумска писменост, како дел од активностите за подигнување на свеста за за безбедно и критичко користење на онлајн просторот.
Настанот, насловен како „Младите во фокус: Надворешно влијание, медиуми и дигитална безбедност“, донесе вредни дискусии за предизвиците што ги претставуваат дезинформациите, анонимните профили и несоодветните извори на информации, кои влијаат на тоа како младите луѓе ги формираат своите социјални и политички перцепции.
Поканетите панелисти, проф. д-р Енвер Абдулаху од УМТ, г-дин Сашо Богдановски од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), г-дин Севдали Селмани од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (НЦОКИ) и г-дин Авди Бакиу, новинар, се осврнаа на темите за регулација на медиумите, ширењето на дезинформации, сајбер безбедноста и принципите на одговорна ориентација во дигиталната средина.
Активноста беше спроведена во соработка со Институтот за комуникациски студии, а беше координирана од академскиот кадар на УМТ, поточно од деканот на Правниот факултет, вон. проф. д-р Александар Петковски, и доц. д-р Дениз Мемеди од Факултетот за социјални науки.
Настанот беше дел од Деновите на медиумско образование 2025, потврдувајќи ја посветеноста на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe за промовирање култура на критички информации, медиумска писменост и дигитални вештини кај своите студенти.
