Скопје, април 2026 – Студентите од Факултетот за социјални науки, од студиската програма Медиуми и интеркултурна комуникација при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, реализираа студиска посета во националната телевизија Alsat-M, под менторство на м-р Бехар Османи.

Целта на посетата беше студентите одблиску да се запознаат со функционирањето на телевизиски медиум, редакциската организација, процесот на подготовка на вести и улогата на новинарството во информирањето на јавноста.

За време на посетата, студентите беа примени од главниот уредник на телевизијата Alsat-M, г. Адмир Ќосе, кој со нив сподели професионални искуства од работата во редакцијата, истакнувајќи ја важноста на проверка на информациите, новинарската етика и одговорноста кон јавноста.

Студентите имаа можност да ги посетат просториите на телевизијата, редакцијата и студијата, при што одблиску видоа како се реализира медиумската работа во пракса. Оваа студиска посета им овозможи поврзување на теоретските знаења со практичното искуство во областа на медиумите и комуникацијата.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје упатува искрена благодарност до националната телевизија Alsat-M за гостопримството и професионалниот придонес за време на оваа посета.

By