Скопје, 29.04.2026 – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа семинар за зголемување на институционалните капацитети, со фокус на зајакнување на соработката универзитет–индустрија и усогласување на наставните програми со барањата на пазарот на трудот. На настанот учествуваа декани, академски кадар и членови на комисиите за наставни програми.

Семинарот беше реализиран во четири стратешки фази, при што ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, ја истакна важноста на институционалната трансформација и неопходноста од прилагодување на студиските програми со современите трендови на пазарот на трудот.

Четирите стратешки фази беа:

Подготовки за „Отворен ден и Саем за кариера“ се утврдија насоките за промотивните активности на факултетите, при што беше нагласена одговорноста на секоја единица за претставување на академската понуда. Посебно значење беше дадено на вклучувањето на актуелните студенти и алумни како амбасадори на успехот на универзитетот.

Агрегација на податоци и метрики за вработување, каде што во текот на оваа фаза беше воведена потребата од стандардизација на протоколите за собирање податоци од страна на водечките работодавци во земјата.

Протокол за измена на наставните програми, се дискутираше процесот на ревизија за студиските програми на наставно научните совети на факултетите. Овој процес ќе вклучи директен придонес од претставници на индустријата и алумни, кои ќе дадат предлози за интегрирање на новите трендови во постојните наставни елаборати.

Процес на акредитација и завршни активности, работните групи на факултетите добија конкретни задачи за финализирање на новите елаборати и подготовка на процесот за акредитација.

На крајот од семинарот беше презентиран и прегледот на институционалните достигнувања за периодот април 2025 – април 2026, година кој се одликува со значителен напредок во сите клучни области на универзитетот. Главните индикатори на овој развој вклучуваат: зголемување на бројот на студенти со над 1.000 нови уписи за академската 2025/26 година; зајакнување на академскиот кадар со 203 членови; научна извонредност со 5.155 цитати и просечна оценка 4.40 за наставниот кадар; интернационализација со 8 активни меѓународни проекти и над 20 нови договори за соработка; како и инфраструктурна консолидација со кампус од 33.000 м² во сопственост и ефикасно управување со финансиските ресурси. Овие резултати ја потврдуваат континуираната трансформација на УМТ во високообразовна институција ориентирана кон квалитет, научно истражување и современ развој.

Семинарот ја реафирмираше посветеноста на Универзитетот „Мајка Тереза“ за подготовка на професионални кадри подготвени за пазарот на трудот, преку транспарентен и современ академски процес.

By