Скопје, 02.11.2026 година – Денес, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), се одржа пригодно предавање на академик проф. д-р Иzet Zeqiri, поранешен ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и редовен професор на УМТ.
Предавањето беше на тема: „МЕНАЏМЕНТОТ И ЛИДЕРСТВОТО ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА“, при што беа анализирани главните менаџерски предизвици и стратешките решенија за унапредување на јавниот сектор во земјата.
На ова пригодно предавање присуствуваше академскиот и административниот кадар на УМТ, предводен од ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, кој го придружуваше својот колега и поранешен ректор Зеќири во овој значаен научен и академски успех.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје му упатува најискрени честитки на академик Изет Зеќири за ова високо достигнување во неговата академска и научна кариера.
