Објавен е конкурсот за избор на идејно решение за Универзитетскиот Комплекс “Мајка Тереза”

cropped-engineering-icon

Универзитетот Мајка Тереза, во согласност со предвидената динамика, го објави конкурсот за избор на идејно решение за Универзитетскиот комплекс “Мајка Тереза” во Скопје. На огласот за кој станува збор претходи едногласна одлука на релевантната комисија на УМТ која е одговорна за надгледување и комплетирање на овој процес до изборот на победничкиот проект.

Проектниот документ е подготвен по највисоки стандардизирани критериуми за постигнување на визијата на универзитетот во согласност со студиските програми кои се акредитирани, секогаш земајќи ги во предвид главните спецификации на овој универзитет, кои се техничко-технолошките програми.

Потребната површина за постигнување на оваа цел изнесува 31.980 м2. Во рамките на Универзитетот се планира базен со полу-олимписки димензии кој во одредени случаи ќе им служи дури и на пошироката заедница. Деталите за конкурсот се објавуваат на веб-страницата на УМТ.  Линк: http://unt.edu.mk/sq/konkurse/. За дополнителни информации, пишете на е-mail: javninabavki@unt.edu.mk.

Во интерес на најдобрата идеја за овој голем проект, Универзитетот Мајка Тереза ги поканува сите дизајнерски куќи и поединци, во земјата и надвор од неа, да ги презентираат своите идеи за проектот.

Share it with your friends...Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn