Почитувани студенти,
Драги колеги и пријатели,
Уште малку ќе ја завршиме првата половина од оваа академска година. Истовремено чекориме во новата 2019 година. Се надевам дека имавте успешни месеци исполнети со работа и студирентски ангажирања.
Во студиските програми на петте факултети на нашиот универзитет, ние работиме заедно за да ви обезбедиме нови знаења и копетенции, за да се изградите како силни индивидуи, и да бидете подготвени за новите предизвици кои се пред вас.
Вие, драги студенти, со вашиот статус како млади луѓе, претставувате столб на нашиот општествен и економски развој.
Вие треба да бидете подготвени да изградите општество, кое остварувањето на своите легитимни аспирации ги гледа тука во земјата,за изгради едно општество општество, кое што Европа и тоа што таа претставува, го гради тука.
За таа цел, академскиот и административниот персонал, како и креаторите на образовната политика,сме отворени и посветени , да заедно со вас, развиваме и применуваме најнапредни форми на настава во студиските циклуси,за да обезбедиме подобри услови за студии и пријателски амбиент, се со цел вашиот пат да го направиме полесен и поефикасен.
Од еден тежок почеток, благодарение на вас и вашата посветеност, секој ден се чувствуваме побезбедни во чекорите што ги правиме .
Честитки за вашите достигнувања и Среќна Нова Година , со најдобри желби за здравје, просперитет и нови успеси во 2019 година.
Честитки!