Скопје, 01.02.2019 Ректорот на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје, проф. Д-р. Азиз Положани беше домаќин на работната средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. Лазло Иштван Дукс.

На средбата беше разговарано за иницирање на соработката помеѓу УМТ идржавни универзитети во Унгарија, како и други високообразовни институции, со кои би постоело заеднички интерес, кон одредени  насоки за студирање, особено за техничките и социјалните науки.

Положани со амбасадорот Иштван, разговараа и за можноста за заедничкоаплицирање на проекти во рамките на програмата Еразмус +, со универзитетите во Унгарија, преку потенцијални партнери, со цел да се развијат капацитетите во високообразовните институции.

И двајцата соговорници се согласија дека соработката помеѓу високообразовните институции меѓу двете земји ќе биде од корист за двете страни и ќе доведе до размена на искуства помеѓу професорите и студентите од двете земји.

By