Скопје, 14.05.2019 Студентите на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје, Студиска програма за европски студии, во рамките на Европскиот месец, организираа “Симулација на Самитот од 20 и 21 јуни 2019 година на Европскиот совет”, а по дискусијата за напредокот на Република Северна Македонија во исполнувањето на критериумите од Копенхагендадoa’ датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Главнатапричина за датумот, според студентите е да се стопира иселувањето на младите.

Во симулацијата на состанокот на ЕК, на тркалезната маса секој студент претставуваше земја-членка, додека на главната маса беа седнати претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и претставник на Романија, која претседава со Европската унија, а нивната одлука ја чекаше заменик-премиерот за европски прашања Бујар Османи, кој позитивно одговори на поканата на студентите на УМТ да учествува на оваа симулација.

Османи известуваше дека Северна Македонија ги исполнила сите обврски што и биле дадени и го заслужува датумот за почеток на преговорите за членство, а одговори и на сите прашања на “земјите-членки” во врска со состојбите во земјата.

‘Уверен сум дека оваа година земјава ќе влезе во втората фаза после дваесет години напори, и ќе започне преговори за пристапување со Европската Унија. Не може да се најде забелешка за работата на Северна Македонија во однос на исполнувањето на критериумите’, изјави Османи.

Главно прашање што студентите го поставуваа во симулацијата на состанокот, беше како Северна Македонија ќе дејствува за да ги спречимладите  да ја напуштат земјата, истакнувајќи дека “Нема Македонија без млади”.

За време на симулацијата Османи го претстави и проектот „Со европско знаење до европската престолнина“, конкурс наменет за студентите по општествени науки при државните универзитети, на кој преку учество со изработка на есеи, имаат можност да го покажат своето европско знаење, а најдобрите 12 ќе добијат шанса да ја почувствуваат атмосферата во Брисел, преку тридневна студиска посета на европската престолнина, каде што ќе имаат прилика да ги посетат клучните институции на ЕУ, како и да се запознаат со начинот на нивната работа.

 

1 2

By