Скопје, 12.06.2019 Идните архитекти, студентите на Факултетот за архитектура и градежништво, на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје, денеска ја отворија годишната изложба на која ги презентираа своите проекти, кои ќе бидат изложени денес и утре во Културно-информативниот центар во Скопје.
Годишна студентска изложба на Факултет за Архитектура и Градежништво при УМТ – Скопје, студиска програма ‘Архитектура и визуелниуметности’ на изложбата ги третираат актуелните културолошки, социолошки, архитектонски, одржливи, еколошки и урбани феномени и концепти прикажани на студентските проекти изработени во текот на оваа академска учебна година.
Проектите прикажуваат современи архитектонски и урбани концепти и решенија за различни локации на територијата на градот Скопје и пошироко во државата, и се интересни и инспиративни за студентите, архитектите и како и за пошироката јавност.
Главна цел на УМТ е на овој начин да иницира зголемена партиципација на јавноста и медиумите, односно изложбата да добие интерактивен карактер и да создаде своја активна публика, при што би се отворила можност за комуникација и презентација на делата на нашите студенти – идните архитекти со јавноста.
Годишната студентска изложба на Факултет за Архитектура и Градежништво при УМТ – Скопјеќе се одржи на 12 и 13 јуни во галериски простор КИЦ – Скопје.