Универзитетот „Мајка Тереза“ дизајнира и произведува заштитна опрема за здравствените работници. За да се соочи со досега невидениот светски предизвик предизвикан од пандемијата на корона вирусот КОВИД-19, наставниот кадар при Техничкиот факултет во соработка со соработниците од Приштина и Тирана започнаа со изработка и производство на секундарна заштитна опрема неопходна за заштита на здравствените работници и останатите. Наскоро опремата ќе биде донирана на здравствените работници, бидејќи тие се изложени на поголем ризик на КОВИД-19. Опремата е произведена со 3Д-печатач и има пластична кружна површина прикачена на проѕирна пластична лента.

Гарантира поголема безбедност, особено за здравствените работници кои им служат на пациентите заразени со КОВИД-19. Важно е да се истакне и да се почитува неуморната посветеност на професорот Бљерант Рамадани и поддршката на проф. д-р Шабан Буза кои заеднички ја реализираа оваа идеја.

Во војната против КОВИД-19 можеме да победиме само со заедничка посветеност и строга дисциплина.

By