Бизнис заедница се сретна со студентите на УМТ

Скопје, 26.05.2022 година – Со учество на 27 приватни компании, Агенцијата за вработување, Фондот за Иновации и Технолошки развој и Стопанската Комора на Северозападна Македонија, денеска пред студентите на нашиот универзитет се одржа саемот „Ден на кариера 2022“.

На многу бројните учесици Ректорот на УМТ, проф. др. Изет Зеќири, им посака добродојде и рече дека УМТ ќе соработува со своите партнери во текот на целата академска година, а студиските програми ќе бидат приспособени според потребите и барањата на пазарот на трудот.

Сите студиски насоки на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се дефицитарни за пазарот на трудот, додека студентите, а особено апсолвентите се подготвуваат за реалниот сектор уште од првите години на студии. Идејата за развој на овој саем беше да се воспостават првите контакти меѓу работодавачите и потенцијалните вработени, а по заедничка анализа со почитуваната бизнис заедница ќе дизајнираме студиски програми“, рече пред присутните ректорот Изет Зеќири, додавајќи дека УМТ. ќе биде вистински партнер со Бизнис заедницата.

Извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Дрилон Исени, во својот говор рече дека на саемот се присутни најголемите компании од комората и овој факт многу го радува

„Како триаголник Влада-Академија-Бизнис заедница мораме да ја интензивираме соработката, со единствена цел, за нашиот заеднички интерес, да ги спречиме младите да бегаат во странство, бидејќи секое заминување на високообразовниот кадар остава празнина на пазарот на трудот“, изјави Исени.

Директорот на Фондот за Иновации и Технолошки развој, Фестим Халили, на студентите им порача дека преку различни инструменти Фондот нуди можност за финансиска поддршка за развој на бизнис идеи и проекти. Халили рече дека ваквиот тип на средби лице в лице овозможува повеќе информации за реалните потреби на пазарот.

Во „Денот на кариерата 2022“, проект на Центарот за Кариера и Претприемништво на УМТ, со свое присуство не почестија следните компании и институции: ФИТР, ЕУРОВИА, КАРИЕРА МК/ МОТИВИ, АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ВЕЗЕ ШАРИ, OEMVP, ЕКО ТЕКНИКА, NETING SCHOOL, ФЛУЕНТ, ХАЛК БАНК, НЕПТУН, EAST GATE, ДАУТИ ШПЕД, ДАУТИ КОМЕРЦ, ЕФТИНИЈА ИМПЕКС, АЛМА – М, ТЕМПО 99, БАОКОП, ЈУС-МБ, ФРУКТ ИМПОРТ, АДРИЈУС, MNAVIGATIONS, BE-da Logistics, SMS CONSTRUCTION, MALIQI GROUP, ГЕМАК, SUPPORT & SOLUTIONS CENTER.

By