Скопје, Мај 2022 – Во рамките на професионализацијата и унапредувањето на научните и стручните знаења, на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје за студентите од Факултетот за Технички Науки на студиската програма „Сообраќајно-транспортно инженерство“ на покана на вон. проф. др. Оливера Петровска се одржа стручно предавање од страна на професор Андрија Новаковиќ, претставник на компанијата 3М за производство на сообраќајна сигнализација.
Предавањето се фокусираше на вертикалната сигнализација со тема: „Квалитет и регулирање на сообраќајните знаци“ каде што студентите детално се запознаа со материјалите за реализирање на вертикалната сигнализација, видовите фолии, факторите кои влијаат на перцепцијата на сигнализацијата и прописите на законодавството.
За време на предавањето, студентите имаа можност да проследат практичен дел во однос на контрола на квалитетот на сообраќајните знаци, односно мерења на ретрорефлексија и колориметрија на сообраќајните знаци со соодветна опрема, која беше обезбедено од предавачот.