Естонија, јуни 2022 година – Група професори од Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје учествуваа на работилница за проектот „VTech“ на Универзитетот „Тарту” во Естонија, проект финансиран од Европската Унија односно поддржан од програмата Еразмус +.

Во рамки на работилницата на проектот „VTech“ УМТ беше претставена од проректорот за наука и истражување проф. Др. Беким Фетаји, проректор за образование и студентски прашања вон. проф.Др. Фати Исени и доц. Др. Дитурије Исмаили.

Работилницата траеше три дена и во неа се одвиваше обука на персоналот за виртуелни технологии. Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје е партнер во овој проект заедно со 10 други партнери, како што се: Европски универзитет во Тирана (ЕУТ), Универзитет Полис (У-Полис), Универзитет Епока (ЕПОКА), Универзитет во Приштина (УП), Универзитетот на Бизнис и технологија (УБТ), Универзитетот Мајка Тереза во Скопје (УМТ), Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), Технолошкиот универзитет во Лоѓ (ТУЛ), Универзитетот во Љубљана (УЛ), Универзитетот Тарту (УТ).

By