Студентката на Факултетот за Технолошки Науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, на студиската програма „Текстил, дизајн и моделирање“ беше претставена меѓу најдобрите модни дизајнери на спектаклот„MUZA COMPETITION ALBANIA“ организирана од Унијата на албански општини во Тирана.

Во овој проект се бараше од учесниците да го комбинираат традиционалното со модерното, а кандидатите да бидат поврзувачки мост со модната индустрија, со цел проектите изградени со посветеност и упорност да се одразуваат на нивната иднина.

Инаку, студентката од 3 година Јета Јашари, пред извесно време беше избрана во групата финалисти на десете најдобри од втората фаза, од 350 учесници од сите места каде што се зборува албанскиот јазик, додека синоќа ја претставуваше цела Северна Македонија, а особено Скопје и Универзитетот Мајка Тереза со одраз на нејзината извонредна работа.

УМТ и честита на студентката Јета Јашари за досегашните постигнувања, и и посакува успех во следните студиски и професионални предизвици.

By