Скопје, 05.07.2022 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф.д-р. Изет Зеќири и проректорот за финансии, инвестиции и развој Доц. Др. Бујамин Бела имаа работна средба со претставниците на организацијата за претприемништво и вработување младите – IESC, John Lindsay и со Висар Адеми.

Присутните покажаа голем интерес за соработка во заеднички проекти меѓу УМТ и IESC за обука на невработените во нашата земја и преквалификација на младите врз основа на барањата на пазарот на трудот во дефицитарните професии. IESC е апликант и добитник на проекти на УСАИД поврзани со вработување на младите и подигнување на капацитетите и компетенциите за самовработување.

Ректорот Зеќири изрази благодарност до IESC за интересот и можната соработка во проекти со општествен придонес во областа на вработувањето на младите во РСМ.

By