Скопје, 07.07.2022 – На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје успешно се одржа тркалезна маса со научени експерти од нашиот Универзитет од областа на економија и претставници од Стопанската комора на северозападна Македонија, елаборирајќи на темата „Бранот на покачување на цените и семејниот буџет во РСМ“.
Тркалезната маса ја поздрави ректорот на УМТ, проф. Др. Изет Зеќири потенцирајќи дека: „Од бранот на покачување на цените најмногу е погоден семејниот буџет и сиромаштијата е зголемена, денес сиромаштијата достигнува над 22% од кои 8% се вработени сиромашни, 45% се невработени сиромашни, 7% се пензионери и 32% други лица кој се неактивни. Она што е индикативно е зголемувањето на екстремната сиромаштија каде што над 3% од резидентното население во земјава денес живее со 1,9 долари на ден“. – рече ректорот Зеќири.
Ректорот Зеќири вели дека „потребни се итни владини мерки за да се прекине ланецот на сиромаштија со доделување финансиска помош за сиромашните и создавање услови за нивно вработување“.
Професорката доц. Др. Букурије Имери Јусуфи, при елаборирање на темата „Потрошувачка кошничка, цените и платите“ истакна дека во „структурата на животните трошоци во Република Северна Македонија, најголем дел опфаќаат трошоците за храна, околу 40% за периодот од 2010 година до 2022 година, додека во европските земји овој процент емногу по мал е околу 19% од трошоците, и во истото време зголемувањето на цените на егзистенцијалните производи за живеење од 2021 до 2022 година изнесува 17%, што влијае на начинот на живеење, но од друга страна покачувањето на цените не е проследено со истата динамика на покачѕвање на минималната и просечната плата“, вели професорот Јусуфи.
М-р Ејуп Абдулахи, претставник од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) рече дека моменталната состојба со Ковид-19 и руската агресија врз Украина ни предизвика на нас како претприемачи да се најдеме во ситуација каде планирањето на понудата и продажбата да е во дисбаланс. Инаку, покачувањето на цените на главните ресурси за производство, поскапувањето на енергенсите како што е цената на нафтените деривати, енормното покачување на електричната енергија како основа на оперативните трошоци на транспорт и на производството, сите овие фактори влијаат на дерегулацијата на финалните цени на производите за храна што ја ослабуваат потрошувачката моќ кога нашата економија е основана врз потрошувачката“, вели Абдулахи од СКСЗМ.
Додека, доц. др. Рилинд Адеми посебно внимание посвети на темата „Фактори кои влијаат на покачувањето на цените“ истакнувајќи дека инфлацијата е главно увозна појава и последица на покачувањето на цените на енергетскиот сектор и на прехранбениот сектор. Покрај ова, можеме да забележиме дека фискалната и монетарната политика беше експанзивна во текот на 2020 и 2021 година, што даде поттик за враќање на домашната побарувачка, а во рамките на распаѓањето на ланецот на глобалните снабдувачи, ова исто така ја поттикнуваше инфлацијата како економски феномен.’ вели професорот Адеми
Професорката доц.д-р. Зана Беќири Лума направи истражување на темата „Структурите на индексот на потрошувачките цени“на која презентираше резултатите од емпири скастудија за детерминантите на инфлацијата во РСМ за пероидит од 2005-2022 година. Економетрискиот модел (ARDL) покажа дека домашната инфлација е во голема мера увозна – растот од 1 п.п. на стапката на инфлација на земјите од ЕУ предизвикува пораст од 0,9 п.п. во домашната инфлација. Други релевантни фактори кои ја детерминираат стапката на инфлација во овој
период беа основната каматна стапка, ефективниот девизен курс и финалната потрошувачка како компонента на агрегатната побарувачка.“ – вели професорката Лума.
Во текот на дискусијата беше нагласена потребата од точни и ажурирани податоци како предуслов за ригорозни емпириски студии кои би дале добро информирани препораки за развојот на државните политики. Исто така, на оваа маса посебно внимание беше посветено на присутните со отворање на интерактивната дебата со интерес на темата како грижа што секојдневно ја чувствуваат нашите граѓани.