Скопје, 01.09.2022год. – Во пресрет на новата академска 2022/2023 година, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје успешно ја спроведе обуката наменета за академскиот и административниот кадар на тема „Ефикасно и ефективно функционирање на Универзитетот: обезбедување квалитет“.
Целта на оваа обука беше да се информираат вработените за развојната стратегија, акциониот план и системизацијата на новите студенти, кои во првиот уписен рок беа во рекордни бројки.
Ректорот на УНТ проф. д-р. Изет Зеќири за време на својата презентација истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје треба да се развие врз основа на средината во која се наоѓа, затоа што врз основа на неговата локација во центарот на главниот град, со области на студии кои се дефицитарни на пазарот на трудот, со три нови факултети и со наставна програма на три јазици, и тоа албански, македонски и англиски јазик, треба да биде сериозен конкурент за секој јавен, но и приватен универзитет во земјава. Зеќири рече дека Владата треба да даде поголема финансиска поддршка за универзитетите, бидејќи секоја година се намалува буџетот кој се издвојува за високото образование, а како резултат на тоа нашиот образовен систем е рангиран меѓу земјите со најниска буџетска поддршка за високото образованието во Европа.
Проректорот за образование Фати Исени во својата презентација зборуваше за важноста на воведување иновации во студиските програми, за академските прашања на универзитетот и за посветеноста на академскиот кадар во подготовката на новите генерации.
Проректорот за наука Беким Фетаји рече дека еден од критериумите за рангирање на универзитетите на Шангајската листа е објавувањето на научни трудови и научните достигнувања.
Проректорот за меѓународни односи Ризван Сулејмани рече дека до сегашниот број на договори за меѓуинституционална соработка со регионалните и меѓународните универзитети е околу 50 договори, а најголем дел од партнерствата се во рамките на програмата Еразмус, и тоа со универзитети од Албанија. Косово, Турција, Полска, Бугарија, Хрватска, Италија, Чешка, Унгарија, Словенија, Литванија, Словачка, Латвија и Португалија.
Проректорот за финансии и стратешки инвестиции Бујамин Бела зборуваше за буџетот и инвестициското планирање за оваа академска година, воедно ги презентираше и плановите на универзитетот и времетраењето на нивната реализација.
За време на обуката пред присутните беа презентирани моменталните состојба на универзитетот, плановите кои се реализираат и целите за во иднина во однос на квалитет, зголемување на понудата преку зголемување на бројот на академски и административен кадар и зголемување на бројот на програми.