Скопје, 21.9.2022 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, и генералниот секретар на Универзитетот, г-ѓа Мукадес Хајдари, одржаа работна средба со главната и одговорна уредница на „Радио Шкупи“, г-ѓа Валбона Зунче Пајазити.
Ректорот Зеќири ја информираше г-ѓа Валбона Зунче Пајазити за напредокот на УМТ, особено за изработката на студиската програма Медиумите и интеркултурната комуникација, а крајот на средбата резултираше во одлука да се потпише договор за соработка помеѓу двете институции.
Главната уредница, г-ѓа Валбона Зунче Пајазити, го стави на располагање „Радио Шкупи“ за сите студент(к)и кои ќе изразат желба да ја завршат својата пракса во радиото, истакнувајќи дека секогаш ќе се добредојдени, а таквото искуство ќе им даде подобра можност за работа.