Скопје,14.10.2022 – Во рамките на деновите на „Еразмус+“, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје организираше информативна сесија за вредностите што ги има и можностите што ги нуди студентската мобилност за студии и пракса.
Студент(к)ите беа пречекани од страна на проректорот за меѓународни односи, проф. д-р Ризван Сулејмани, и Секторот за меѓународни односи, заедно со академските и административните координатор(к)и, каде на студент(к)ите им беа објаснети деталите за оваа можност, охрабрувајќи ги да бидат дел од меѓународното искуство што го нуди програмата „Еразмус+“.
Студент(к)ите имаа можност да ги слушнат личните искуства на учесниците и учесничките во програмата „Ерасмус“ во претходните години, како дополнителна мотивација за новите студент(к)и.
Канцеларијата за меѓународни односи гидржи отворени вратите за сите заинтересирани студент(к)и кои сакаат да добијат повеќе информации околу мобилноста, процедурата и можностите што ги нуди оваа програма.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во наредните денови ќе отвори нов конкурс во кој може да се аплицира за мобилност за студиие и пракса во странство.