Скопје, 27.10.2022 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска преку скромна церемонија ја одбележа шестгодишнината од основањето.
Домаќинот на церемонијата, ректорот на УМТ проф. Д-р. Изет Зеќири пред присутните, меѓу кои беа и Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, Министерот за информатичко општество Адмирим Алити, Градоначалниците на општините Чаири, Сарај и Арачиново, истакна дека оваа година УМТ постави нов рекорд во однос на бројот на запишани студенти, со над 700 студенти, што значи дека се пополнети капацитет на двата објекти.
Блиску сме до потпишувањето на договорот за целосно реновирање на објектот во касарната Илинден, во кој ќе се преселуваат студентите од објектот Б (О.У. Конгреси и Манастирит), а во меѓувреме чекаме да започне постапката за изградбата на новиот кампус на УМТ , еден импозантен проект, со кој ќе се подигне квалитетот на услугите на универзитетот, а за да стигнеме до таму, потребни се конкретни чекори од Владата, и тоа сега“, рече Зеќири.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме денес е да обезбедиме квалитетно образование, бидејќи напредокот на државата ќе зависи од тоа како ќе ги едуцираме младите на оваа земја.
„ Министерството и Владата, ќе даде континуирана поддршка и помош за Универзитетот, бидејќи Универзитетот има посебна улога и значење за образованието, а оразованието е предуслов за напредок, во секое општество, во секое семејство“, изјави Шаќири.
Министерот за информатичко општество, Адмирим Алити, рече дека важноста на основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје не е само во улогата како институција која влијае на процесите на општествени промени и развој, во обезбедувањето на квалификувана и професионална работна сила, и во остварувањето на економските, политичките, социјалните и културните трансформации во општеството, туку и во тоа што Универзитетот „Мајка Тереза“ своето значење го заснова на една почувствителна и суштинска димензија.
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека од самото основање на овој универзитет општината Чаир го подржува овој национален проект со сите свои расположливи можности, апелирајќи до извршната власт да го поддржи проектот за изградбата на универзитетскиот кампус на УМТ.
На церемонијата присуствуваа и амбасадорот на Република Косово, г-дин Флоријан Ќехаја, заменик амбасадорот на Република Албанија и градоначалникот на општина Арачиново, г-дин Ридван Ибрахими.