Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, Факултетот за информатички науки, по повод на Светскиот ден на науката, се одржа предавање на експертот за индустрија, професор Афан Хасан.
Г-дин Афан Хасан на студентите им ги објасни перспективите на ИТ индустријата и демонстрираше неколку практични проекти од индустријата и како работи индустријата во моментов, како и правилата за ангажирање на нови членови на персоналот. На експертот од ИТ индустријата му беше доделен Сертификат како признание за неговиот придонес во образованието на новата генерација студенти за перспективите во индустријата од страна на проректорот за наука на УМТ, проф. д-р. Беким Фетаји.