Студент(к)ите од втора година, на студиската програма „Спорт и спортски науки“ од Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, имаа задоволство да присуствуваат на предавањето и практичниот дел на „Basic life sopport“ и „Trauma life support“ по предметот спортска физиологија, под менторство на проф. Др. Арбереша Ферати.

На предавањето присуствуваше и деканката на факултетот проф. Др. Дитурије Исмаили.

Предавањето и практиката на „Basic life sopport“ и „Trauma life support“ им служи на студент(к)ите да ги утврдат концептите за прва помош во предхоспиталната нега, вештините неопходни за да се обезбеди целосна проценка, почетна реанимација и брз транспорт на жртвата до центарот за траума.

By