Скопје, 25 јануари 2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. Изет Зеќири на работна средба беше домаќин на претставниците на платформата „Младите против насилството“, Елена М. Михаиловкса, Сара Чучуљ и Валерија Соколова – Стојановска со седиште во Скопје.

Ректорот Зеќири ги информираше претставниците на платформата за напредокот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, со посебен акцент за развојот на студиските програми на Факултетот за социјални науки и пошироко.

Платформата „Младите против насилството“ има за цел граѓанско образование на младите луѓе, да подготви контра-наративи и алтернативни наративи за да се спречи радикализацијата која води кон насилен екстремизам. Исто така, оваа платформа ја промовира меѓуетничката соработка на младите во мултикултурните градови Скопје, Куманово и Струга.

Соговорниците разговараа за соработката меѓу двете институции насочена кон едукација на младите академици, како и за вклучување на студентите од УМТ во вакви платформи со цел повеќе да се подигне и сензибилизира нашето општество.

By