Скопје, март 2023 Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири, во својство на член и и научен секретар во МАНУ, беше дел од Научната конференција посветена за високото образование организирана од Центарот за стратешки истражувања „Ксенте Богоев” што фунционира во рамките на Македонската академија на науиките и уметностите на Република Северна Македониа.

Ректорот Зеќири, ја презентираше анализата со наслов: „Системските проблеми во високото образование и научното истражување”, каде дискутираше за бројките, статусот и презентираше општа анализа за развојот на високото образование во последни две децении на приватните и државните универзитети.

Во анализата ректорот Зеќири нагласи дека проблемите помеѓу приватните и државните универзитети се разликуваат бидејќи приватните универзитети се посветени повеќе во унапредувањето на техничките и просторните услови а не во академскиот аспект, студиските програми ги земат од други институции и не се развиени или се несоодветни. Понекогаш, јавноста ги перцептира како приватни компани и имаат послаба понуда на изборни предмети и недоволо развиен систем.

Од друга страна, Зеќири рече дека државните универзитети немаат доволен флексибилитет на студиските програми, сеуште доминира авторитарен однос на кадарот, тарифите за студирање се релативно високи за студентите кои не се во државна квота, слаба вклученост на студентите во научно-истражувачката работа. Други проблеми се нерамномерниот интерес на студентите за различни студиски програми, недоволната достапност на наставниот и административниот кадар, потоа недоволната вклученост на студентите во одлучувањето, посветеноста на знаењето, споредено со компетенциите, недостатокот или недоволната контрола на практиката на студентите, финансирањето, недостатокот за податоци за успехот на студентите на пазарот на трудот.

За време на презентацијата, ректорот Зеќири рече дека начинот на финансирање на високото образование главно со надлежностите на Советот за финанцирање на високото образование, но според Законот за високо образование предложен од Советот, Владата на Република Северна Македонија мора да го одобри и да се спроведе уредба за мерки и критериуми за финансирање на активностите на високообразовните установи, овие стандарди од 1988 година.. ,на Република Македонија.

Универзитетите имаат проблеми во расподелбата на буџетските средства и истите се наведени и во ревизорски извештај. Ректорот, проф.д-р. Изет Зеќири ги предложи следните мерки: Нациоланиот совет да го мониторира развојот на високото образование и неговото усогласувањето со европските и меѓународните стандарди, да одобри еден Правилник за содржината на студиските програми и да предложи мерки, решенија и препораки за унапредување на високото образование, да предложи одобрување на Националната програма за високо образование, да одобри Правилник за нормите и стандардите за основување на високообразовани установи и за вршење на високообразовната дејност во согласност со законот.

Зеќири рече дека потребно е одобрување на нов модел на финансирање, за што е потребно одобрување на стратегија за финансирање на високото образование во согласност со анализите и потребите на државата и негово финансирање во реални рамки.

By