Скопје, март 2023 – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, од 27 до 29.03.2023 година се одржа средбата за пројектот „ERASMUS IDADOHS“ на тема Дигитализација на образованието. На средбата присуствуваа 10 партнерски институции и вкупно 32 учесници со физичко присуство и двајца со онлајн присуство.

Координаторот на проектот, проректорот за наука на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји ја презентираше стратегијата за процесот на дигитализација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, визијата и мисијата на универзитетот и неговите факултети, додека студиските програми ги презентираше проректорот за финансии и инвестиции доц. д-р Бујамин Бела.

Во текот на средбата, на партнерите им беше претставен актуелниот софтвер за дигитализација на Универзитетот и алатките што ги користи деканот на Факултетот за информатички науки, вон. проф. д-р Стојан Китанов. На средбата се разговараше за Отворените образовни ресурси и веќе развиената платформа за дигитализација на образовните содржини.

Од Канадскиот институт за технологија во Тирана, професорот Шефќет Меда одржа презентација и ја претстави веб-страницата и дигиталните образовни содржини што ги создадоа. Од Универзитетот во Марибор, Андре Шкраба и Клавдија Стропник го презентираа својот придонес и развиените курсеви. Од Универзитетот „ Високата школа за информациски технологии “ во Загреб, Маринко Серделиќ ги претстави своите веб-страници и дигиталната содржина креирана од нив и од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, претставник беше Лидија Кисишева.

На крајот се одржа состанок за менаџирање со проекти и се разговараше за следните проектни активности кои ќе бидат завршени до крајот на мај и ќе бидат подготвени за мултипликативни настани за распределба.

By