Куманово, 30.04.2023 – Студентите од студиската програма „Спорт и спортски науки“ на Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на 30.04.2023 учествуваа на „Маршот на слободата“ во чест на борците, 22 години од прогласувањето на слободната зона Карадак.

Маршот го организираше планинарското друштво „Карадак“ и опфати пешачење на далечина Слупчане-Руница-Слупчане и посета на гробишта на борците во село Слупчане.

Учесници во оваа активност беа студентите од спорт придружувани од деканот на Факултетот за социјални науки вон. проф. д-р. Дитурије Исмаили, одговорна за спорт на универзитетско ниво доц. д-р. Илка Цемена, доц. проф. Седат Бафтиу и администраторката Арлинда Селими.

By