Прешево – Бујановац, мај 2023 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје продолжи со промоцијата на академската понуда, овој пат беше дел надвор од локалните граници и во двете средни училишта во Прешево и Бујановац.

Тимот од професори предводени од проректорите вон. проф. д-р. Фати Исени и доц. д-р. Бујамин Бела во состав на Неритан Туркеши, Рилинд Адеми и Арбнор Рушити ги информираа матурантите од овие образовни центри со функционалниот систем на УМТ, условите за учење како и студиските програми на осумте актуелни факултети што ги нуди нашиот универзитет.

Овие промотивни средби со потенцијалните студенти на УМТ ги поздравија директорите на овие училишта, од средното техничко училиште „Прешево“ во Прешево, од страна на директорот г. Талат Арифи како и од средното стручно училиште „Сезаи Сурои“ во Бујановац, пречекани од директорот г. Адмир Назифи.

Професорите ги информираа матурантите за предностите на студирање на првиот јавен универзитет на албански јазик во главниот град на Република Северна Македонија, за локацијата, стручниот кадар, можноста за развој преку грантови и стипендии, пристапот до лаборатории компании и Националната универзитетска библиотека и пристап до многу музеи и центри за изведувачки уметности и друго.

УМТ му се заблагодари на раководството на средните училишта од Прешево и Бујановац, за гостопримството и достоинствената посветеност понудена на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и нашиот храм на науката и знаењето секогаш ќе биде подготвен за идните студенти од Прешево и Бујановац.

By