Риека, Хрватска, мај 2023 – Членовите на административниот кадар на УМТ Донка Казиовска и Брикена Кица успешно ја завршија својата професионална обука и студиската посета на Универзитетот во Риека во Хрватска, со кој УМТ има договор за соработка.

Нив ги пречека раководителот на Службата за студентски прашања при Филозофскиот факултет, г-ѓа. Нара Јурчиќ која ги прошета низ наставните простори, катедрата за странски јазици, и запозна со начинот на кој се одвива наставниот процес и административната работа на Универзитетот.

Тие се запознаа и со г-ѓа. Јелена Ланц која е одговорна за библиотеката на Филозофскиот факултет и заедно со неа ги посетија просториите на библиотеката и читалните во кои студентите читаат, работат и научно истражуваат за своите студии.

Секоја академска година Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје нуди обука на административниот кадар на некој од универзитетите со кои имаат воспоставено соработка како дел од програмата ЕРАЗМУС +.

By