Кичево, мај 2023 Професорите Теута Јусуфи-Зенку, Рилинд Махмуди и Ветон Рушити во четврток го промовираа Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред матурантите во Кичево.

Матурантите од гимназијата „Дрита“ имаа можност да се запознаат од блиску со осумте факултети и 39-те студиски програми кои УМТ ги нуди за матурантите од целата земја, сега и со нови простории за студирање.

Во текот на разговорот, професорите им предложија на матурантите од Кичево да ја искористат можноста да се пријават на УМТ, во првиот пријавен рок бидејќи така ќе може да бидат примени во државна квота, со што цената на студирањето се преполовува на 100 евра по семестар, додека ги информираа за условите на студирање, опременоста на секоја насока со посебни лаборатории за секоја насока и беше констатирано за придобивките што потенцијалните студенти на УМТ може да се здобијат по завршувањето на академските студии, со оглед на фактот дека сите студиски програми на УМТ дефицитарни.

УМТ им се заблагодари на вработените во гимназијата задолжени за паралелките за достоинствената организација која му ја пружија на нашиот Универзитет.

By