САМО ВО ЕВРОПА ЖИВЕАТ 23 МИЛИОНИ ИМИГРАНТИ

Скопје, 19.05.2023 година Во универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа седмата Меѓународна конференција за миграција насловена „Миграционите трендови, предизвици, приоритети и новите политички патишта“, во партнерство со универзитетите партнери на УМТ во регионот и Европа, како што се Универзитетот во Сасари, Универзитетот во Приштина, Универзитетот во Елбасан, Универзитетот „Александар Мојсиу“ во Драч, Меѓународниот универзитет Бурч(Burch) и Легис. На конференцијата главен говорник беше г. Јасмин Реџеп, генерален секретар на Легис, кој со присутните сподели важни податоци и информации поврзани со улогата на граѓанскиот сектор и управувањето со бегалската криза во Република Северна Македонија и пошироко.

На конференцијата присуствуваа Агим Нухиу заменик министерот за образование и наука, Дејан Ивковски од Секторот за миграции и хуманитарна помош при Министерството за труд и социјална политика, Горан Павловски од Секторот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи, проф. д-р Ризван Сулејмани, проректор за меѓународна соработка, проф. д-р Дитурие Исмаили декан на Факултетот за социјални науки, како и 60 научни истражувачи од земјава, регионот и Европа, преку физичко и онлајн присуство. Конференцијата ја модерираше доц.д-р Елисабета Ологу.

Заменик министерот проф.д-р Агим Нухиу во име на МОН упати честитки до Универзитетот „Мајка Тереза“ за организирањето на Конференцијата, и го потенцираше фактот за справување со големи миграциски текови вклучувајќи ја и младата генерација!

„Миграциските текови во последните години опфатија милиони граѓани кои мигрираат за земјите на ЕУ. Земјите-членки на ЕУ во рок од една година доделија државјанство на околу 1 милион граѓани мигранти. Цениме дека оние што мигрираат имаат за цел економски успех, а овој успех во голема мера го одредуваат образовните обуки и вештините за да се снајдат на пазарот на трудот“, рече заменик министерот Нухиу.

Конференцијата се одржа во две сесии на кои пред голем број учесници беа презентирани трудовите на кандидатите, научните истражувачи од земјата, регионот и пошироко.

By