Во рамките на соработката со Европската агенција за образовни програми и мобилност во Република Северна Македонија и пошироко, деканот на Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, вон. проф. д-р. Дитурије Исмаили го претставуваше нашиот Универзитет на обуката и соработката помеѓу универзитетите од Централна и Југоисточна Европа одржана на 10-12 септември 2023 на Универзитетот во Регенсбург во Германија.
Шесте универзитети учеснички од Република Северна Македонија, вклучително и Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје, придонесоа за новата визија за европска соработка заедно со 100 претставници од неколку различни европски земји. Целосното вклучување на учесниците обезбедува уверување во европската визија за иднината на универзитетот, вклучувајќи заеднички социјални обврски од корист за образованието, академската заедница и студентите.
Во блиска иднина, УМТ ќе ги продлабочи и ќе иницира други соработки во рамки на размена на студенти и наставен кадар и проекти со универзитети од Централна и Југоисточна Европа.