Хрватска, 23.09.2026 година – Делегација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, претставена од ректорот проф. д-р Беким Фетаји, проректор проф. д-р Фати Исени, проф. д-р Зоран Трифунов и проф. д-р Владимир Китановски, во рамките на проектот HEI2MARKET, учествуваше на 24-от Меѓународен симпозиум на IEEE за интелигентни системи и информатика (SISY 2026), кој ќе се одржи од 23 до 25 септември во Пула, Хрватска.

На конференцијата, делегацијата од УМТ го презентира и NET-SENTINEL, иновацијата развиена од проф. д-р Беким Фетаји, за која апликацијата е објавена и одобрена како патент во Индија и е прифатена во сите најразвиени земји од Г8 во светот, вклучувајќи ги САД, Обединетото Кралство и во разни земји.

NET-SENTINEL е додаток за прелистувачот Google Chrome, развиен според стандардот Manifest V3. Користи машинско учење за анализа на мрежната активност, препознавање на вообичаени шеми на користење и идентификување на необично однесување или сомнителни врски во реално време. Решението комбинира адаптивен статистички детектор со моделот Isolation Forest, обезбедува објаснети предупредувања, го прилагодува прагот на детекција според корисникот и складира податоци локално на уредот.

За време на конференцијата, претставниците на УМТ разговараа со Универзитетот Обуда во Будимпешта, Унгарија, и Универзитетот Север во Вараждин, Хрватска. Дискусиите се фокусираа на можноста УМТ да им се придружи како партнер и да ја преземе организацијата на следното издание на конференцијата, во соработка со овие универзитети.

By