Тирана, 18 – 20.09.2023  – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. Изет Зеќири е учесник на 7- годишната по ред заедничка научна конференција на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес: „Партнерство за извонредност – Партнерство за Европа“ во Тирана. 

На оваа конференција ректорот Зеќири зборуваше на тема „Предизвиците на високото образование, компаративна анализа во Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово“. Оваа конференција се одржува седми пат по ред во рамките на Германската Национална академија на науките Леополдина, додека оваа година приматот на организацијата е во рамките на Академијата на науките на Албанија каде што со седиште во Тирана, академиите на земјите од Западен Балкан и ректори во рамките на Берлинскиот процес. 

Конференцијата насловена „Партнерство за извонредност – Партнерство за Европа“ се фокусираше на три главни прашања: 

1. Проценка на напредокот на високото образование, истражување и иновациите на Балканот и Југоисточна Европа кон интеграција во контурите на образованието, истражувањето и иновациите на Европската Унија. 

2. Создавање совршеност на Балканот преку постигнати соработки во научни истражувања, иновации и образовни методи. 

3. Развивање на персонализирани шеми за мобилност за студенти, истражувачи и професионалци, вклучувајќи и (повторно) поврзување на академиците од дијаспората со нивните земји на потекло. 

By