Скопје, 26.09.2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири присуствуваше на дводневната конференција на тема „Обезбедување на квалитет во високото образование – трендови и случувања во ЕУ и Западен Балкан“ организирана од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Конференцијата организирана од МОН за Западен Балкан има за цел да обезбеди општи информации за актуелните политики и трендови за обезбедување на квалитет во високото образование. Исто така, во точките на дискусија, има за цел да се истражат случувањата за обезбедување на квалитет во регионот, улогата на агенциите за обезбедување на квалитет и моделите за оптимизација.
На оваа конференција имаше учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Северна Македонија, Република Косово, Црна Гора, Молдавија, Србија и други земји од странство.
Развојот на конференцијата е дводневен, кој започна денеска, 26 септември, а завршува на 27 септември 2023 година.