Скопје, 11.09.2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири на работна средба го пречека амбасадорот на Република Косово во Скопје, неговата екселенција, г-дин Флоријан Ќехаја.

На работната средба присуствуваше и проректорот за образование вон проф. д-р. Фати Исени, ректорот Зеќири го информираше амбасадорот Ќехаја за зголеменит бројот на запишани студенти со отворањето на новите студиски програми, и му се заблагодари за неговиот придонес за постигната соработка меѓу универзитетите во двете соседни земји, како и одличната соработка со научните и културните институции.

Двете страни се согласија за унапредување и плодна соработка и одлични односи со многу универзитети во Република Косово, и дека во блиска иднина ќе се создаде најизразениот меѓуалбански еразмус за подигање на квалитетот.

Амбасадорот Неговата Екселенција г-дин Флоријан Ќехаја му се заблагодари на ректорот проф. д-р. Изет Зеќири за неговата подготвеност и волја да работи за воспоставување и унапредување на високото образование во државата, укажувајќи му целосна институционална поддршка. По работната средба, претходеше дискусија на тркалезна маса организирана помеѓу УМТ и Амбасадата на Република Косово во РСМ, на тема „Билатералната соработка меѓу Република Косово и Република Северна Македонија“.

By