Скопје, 27.12.2023 – Со скромно новогодишно одбележување Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во присуство на вработените, гостите и медиумите, им се заблагодари на донаторите, чии средства придонесоа за адаптација на три објекти на УМТ, кои беа многу оштетени.

Ректорот на УМТ проф. д-р Изет Зеќири рече дека присутните гости се многу посебни луѓе, кои не штедиле ниту време, ниту средства за да помогнат во консолидирањето на наставните простори, како што е мултифункционалниот објект со 5 училници, универзитетската библиотека и канцеларии за администрацијата, како и објектот со 32 канцеларии за вработени во УМТ.

„Ќе доделиме признанија за г. Менди Ќира, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија, Муарем Муртезанин, сопственик на компанијата Алма М, Бајрам Имери, сопственик на компанијата „Ефтинија Импекс“, Меџаит Шаини, сопственик на компанијата „Темпо профил 99“, Бесир Дерњани, директор на фондацијата Албиз и Руфат Шериф, директор на Фондацијата Аксис, со кого наскоро целосно ќе ја реновираме универзитетската библиотека“, рече ректорот Зеќири, додавајќи дека без помошта на овие дарежливи луѓе оваа инвестиција немаше да се реализира.

По добивањето на признанијата, стопанствениците истакнаа дека се среќни што придонеле за консолидирање на просторите на УМТ, бидејќи оттука се очекува да произлегува стручен кадар потребен за пазарот на трудот.

Ректорот Зеќири на кратко ги информираше присутните за постигнувањата во 2023 година и за плановите за следната 2024 година, заблагодарувајќи им се на сите што веруваа во УМТ, пред се на студентите кои студираат овде, на професорите и на администрацијата кои развиваат кариера овде, на пријатели кои се партнери во секој чекор од нашиот развој.

Денеска официјално во употреба беа пуштени објектот Б или мултифункционалниот објект со 5 училници и универзитетска библиотека, како и објектот Ц составена од 32 канцеларии за професори и администрација, со инвестиција од над 150.000 евра.

УМТ од октомври ја продолжи академската година во новите објекти, во кој беше реновиран само главниот објект, по преземањето на сопственоста

на објектите од поранешната касарна Илинден, парцела со површина од 50 илјади метри квадратни, и со близу 8.000 метри квадратни работен простор.

By