Скопје, 21 февруари 2024 – Денеска на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во организација на Факултетот за хуманистички науки, беше одбележан 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчините јазици. По тој повод, пред студентите и академскиот кадар се одржа Панел дискусија на тема „Мајчинот јазик наспроти глобализацијата“. Панелисти беа: проф. д-р. Мустафа Ибрахими – декан на Факултетот за хуманистички науки при УМТ; Проф. д-р. Владимир Мартиновски – декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и проф. д-р. Бертон Сулејмани – декан на Филолошки факултет, УТ Тетово.

Панел дискусијата ја отвори деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. Ибрахими, кој ги информираше присутните дека 21 февруари е избран за Меѓународен ден на мајчиниот јазик од страна на УНЕСКО во знак на сеќавање на студентите од Бангладеш, кои беа застрелани, а некои беа и убиени од страна на пакистанската полиција на 21 февруари 1952 година во Дака, сега главен град на Бангладеш, но тогаш дел од Пакистан. Тие започнаа со демонстрации за да побараат официјално признавање на нивниот јазик, бенгалски. Од 1999 година, УНЕСКО го прогласи 21 февруари за Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Во 2007 година истиот ден беше прифатен од Собранието на Обединетите нации.

Проф. д-р. Владимир Мартиновски – декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, во својот говор опширно го елаборираше значењето на мајчините јазици за културата, традициите и историјата на секој народ. Посебен акцент беше ставен на негувањето на стандардниот македонски јазик, како и на придонесот на Блаже Конески за македонскиот јазик и култура. Тој понатаму се задржа на важноста на преводите и придонесот на преведувачот во изразувањето на душата на едно литературно и уметничко дело. Проф. Мартиноски нагласи дека во Црвената книга на загрозени јазици има и 7 јазици од Балканот, меѓу кои влашкиот и ромскиот, за кои државата РСМ треба да подготви посебни програми за да ги спаси од изумирање. Тој зборуваше и за глобалните прашања и за опасноста што доаѓа од глобализацијата.

Проф. д-р. Бертон Сулејмани – декан на Филолошкиот факултет, УТ Тетово, меѓу другото, се задржа на важноста од негувањето на албанскиот мајчин јазик. Младите треба да читаат повеќе и да го користат чистиот и стандардизиран албански јазик. Тој даде осврт на делата на ренесансата кои биле инспирација со генерации. Тој високо ја процени вештината за превод, и како пример го нагласи Фан Ноли со преводот на делата на Шекспир. Според проф. Сулејмани во Северна Македонија голем приденес имаат институциите, како што се: Катедрите за албански јазик во Скопје и Тетово, дневниот весник “Flaka e vëllazërimit”; Радио и Телевизија Скопје на албански јазик и денес Агенцијата за имплементација на јазиците и Институтот за наследство на албанскиот јазик.

Проф. д-р. Мустафа Ибрахими – декан на Факултетот за хуманистички науки, УМТ, се осврна на повеќе загрозени теми. Зборуваше за историјата на раѓањето на јазиците; Напорите на ОН, УНЕСКО и ЕУ за судбината на помалите јазици; Лингвистичка екологија и нејзиниот објект; Понатаму, проф. Ибрахими, потпирајќи се на магазинот “ Etnologue”, рече дека во светот има околу 7.000 живи јазици, но дека кон крајот на XXI век, околу 90% од јазиците може да исчезнат. Во својата презентација тој презентираше многу статистички податоци за јазиците кои се изумрени или се во опасност. Тој зборуваше и за нелибералниот глобализам и за последиците од колонијализмот за освоените јазици. На крајот проф. Ибрахими зборуваше за доминацијата на англискиот јазик, за лингвистичката реалност во Европа и за новиот јазичен поредок во светот.

По завршувањето со презентациите, на панелистите им беа поставени многу прашања од страна на вработените и студентите, отворајќи конструктивни дебати. Тројцата декани се согласија дека ваквите соработки треба да продолжат и во иднина.

By