Скопје, 𝟎𝟓.𝟎𝟑.𝟐𝟎𝟐𝟒 Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р. Изет Зеќири на работна средба го прими ректорот на Меѓународниот балкански Универзитет – IBU во Скопје, проф. д-р. Лутфи Сунар.

На средбата двајцата ректори разговараа за општата состојба во високото образование во Северна Македонија, за студиските програми кои им се нудат на студентите, за условите и за соработката меѓу кадарот и студентите на двете високообразовни институции.

Ректорот Зеќири кој беше придружуван од проректорот за меѓународни односи проф. д-р. Ризван Сулејмани, проректорот за наука проф. д-р. Беким Фетаји и генералниот секретар Мукадес Хајдари го информираа гостинот за случувањата на УМТ, за студиските програми во рамки на факултетите, за бројот на студенти и за новите објекти кои владата пред една година ги додели на УМТ во касарната Илинден, веднаш до просториите на IBU.

Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет – IBU проф. д-р. Лутфи Сунар беше придружуван од проректорите Мевлудин Ибиш и Снежана Билиќ.

Двајцата соговорници разговараа за соработката помеѓу студиските програми на факултетите, активности во рамките на меѓууниверзитетската управа.

By