Скопје, 26.03.2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р. Изет Зеќири на деловен состанок беше домаќин на познатиот бизнисмен од Скопје Фатмир Етеми, кој е еден од важните партнери на УМТ од своето формирање.

Ректорот Зеќири го информираше г-дин. Етеми за проектите и за тековното консолидирање на УМТ, академски и инфраструктурно, сега во новите објекти од поранешната касарна „Илинден“.

Етеми му се заблагодари на ректорот Зеќири за поканата и напомена со сигурност продлабочување на соработката со цел подигање и унапредување на високото образование во Скопје и пошироко.

Г-дин Етеми е сопственик на градежната компанија ЗСФ КОМ од Скопје, која придонесе за реновирањето на трите објекти во рамките на УМТ, кои денес се адаптирани во модерни предавални.

By