Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во соработка со Автосообраќајниот училиштен центар „Боро Петрушевски“ од Скопје и Факултетот за технички науки, одржаа тркалезна маса на тема: „Како да станеме креативни и иновативни?“, на која присуствуваа многу матуранти од ова училиште.

Ректорот на УМТ проф. д-р. Изет Зеќири им посака добредојде на матурантите, директорот и заменик директорот на АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, Александар Стрезов и Зекирија Зекири, исто така им порача дека вратите на нашиот универзитет и на Факултетот за технички науки ќе бидат секогаш отворени.

Зеќири рече дека треба многу да се внимава како учениците од средните училишта се подготвуваат за универзитетски студии и како учениците се подготвуваат за пазарот на трудот, бидејќи има разлики меѓу вештините кои ги нуди образованието и оние кои ги бара економијата и подобрувањето на образованието, се бара професионален, ефективен и ефикасен третман, бидејќи со тоа се зголемуваат капацитетите на младите за пазарот на трудот.

Заменик-директорот на Автосообраќајниот училиштен центар „Боро Петрушевски“ во Скопје, Зекирија Зекири рече дека креативноста доаѓа во форма на нови идеи, концепти, проекти и производи кои ги надминуваат вообичаените граници.

Деканот на Факултетот за технички науки, вон. проф. д-р. Неритан Туркеши рече дека глобализацијата многу брзо го менува светот и дека универзитетите мора да бидат на страната на иницијативите за интелигенцијата да навлезе во секое ново производство и секој развој на човечките капацитети.

По презентациите се отвори интензивна дебата во која беа вклучени академците, матурантите и студентите.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје има апсолутно мнозинство на студиски програми во дефицит и дипломираните студенти се вработуваат во рекордно време, а вакви маси ќе се одржуваат секоја недела со цел да се поврзат матурантите и студентите со потенцијалните работодавци.

By