Скопје, 05.04.2024 Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска потпиша Меморандум за соработка со Училиштето за странски јазици во Скопје „Филос“ во кој беа поставени основите за почеток на меѓусебната соработка.
Со меморандумот кој го потпиша деканот на ФХН, проф.др. Мустафа Ибрахими и директорката на Училиштето за странски јазици во Скопје „Филос“, Др. Ивана Поповиќ Танеска, двете страни се договорија да ги поддржат различните активности и програми, а согласно важечката законска регулатива и внатрешните акти на страните потписнички, да остварат меѓусебна соработка со цел обезбедување на потребните научни анализи, планови за стручни унапредување во рамките на подобрувањето, како и програми за образование и усовршување на кадарот.
УМТ и Филос ќе разменат искуства и научни и стручни знаења, соработка на полето на реализација на образовни програми и реализација на практична работа за додипломски, постдипломски и докторски студии, меѓусебното ангажирање на образовниот кадар и студентите, работа на апликативни проекти од аспект на дефинирање на задачите на проектот, подготовка на проекти по барање на еден од потписниците, како и преглед на проекти на кои работеле трети лица.
Двајцата потписници се обврзаа дека покрај консултативните активности, меѓусебната соработка и поддршка во организација и реализација на стручни и научни конференции, семинари, тркалезни маси, работилници, да реалиѕираат едукативни активности, заеднички настани и активности